Поврзете се со нас

Англија

Покетино ставил потпис на договорот со Челси

Објавено

на

Маурисио Покетино и официјално го потпишал договорот со кој ќе ја преземе менаџерската функција во Челси.

Раководството и искусниот тренер решиле да ја официјализираат соработката во пресрет на финишот на актуелната сезона, па Аргентинецот ќе биде наследник на привремениот менаџер Френк Лампард, кој не успеа да ги подобри резултатите откако го презема тимот.

Покетино е без ангажман откако беше отпуштен од ПСЖ по крајот на претходната сезона, а по внимателното разгледување на повеќе добиени понуди, решил да се врати во Премиер лигата.

Челси ќе го потврди ангажманот на Покетино во наредните 48 часа, а аргентинскиот стручњак потпишал тригодишен договор и со него ќе ги доведе досегашните асистенти.

За Покетино ова ќе биде враќање во Лондон, каде го водеше Тотенхем меѓу 2014 и 2019 година, а со оваа екипа стигна и до финалето на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни