Поврзете се со нас

Балкан

Плејмејкерот Николов повторно ќе игра во Турција (ФОТО)

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Кристијан Николов го реши клупското прашање и тоа со нов ангажман во Турција.

Плејмејкерот досега има играно за повеќе турски клубови и тоа Галатасарај, Трабзонспор, Истанбул ББ, Петким Спор, Јешилгиресун Беледије и Коњаспор за да сега обезбеди преселба во Капаклиспор.

Се работи за клуб кој настапува во втората лига и кој по 18 средби е на 9. место на табелата со учинок од осум победи и десет порази.

Инаку Кристијан во Македонија беше дел од МЗТ Скопје и од Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни