Поврзете се со нас

Италија

Пирло: На полувреме се потсетивме што подразбира ДНК на Јувентус

Објавено

на

Јувентус некако стигна до победата против Торино, но тренерот Андреа Пирло можеше да биде само шокиран од играта во првото полувреме.

По брзото водство на гостите, Јувентус изгледаше очајно на теренот, впечаток кој беше поправен во вториот дел, а донесе и пресврт за „бјанконерите“.

– Не можете да добиете дерби без карактер.

– Во првиот дел ги загубивме сите дуели, бевме многу статични и нормално е дека не можевме да ја контролираме играта.

– На паузата се потсетивме на ДНК-та на Јувентус, а таа подразбира да оставите срце на терен и да се жртвувате за екипата. Кога Торино се повлече целосно, полесно можевме да стигнеме до шанса.

– Понекогаш не можете да дојдете до гол ситуација само со додавања, мора да се борите за да стигнете до шанса. Тим како Јувентус не смее да влезе во натпревар без глад за победа и без желба за пожртвуваност. Потребен е стил и убав фудбал, но и целосна посветеност, едно без друго не вреди, – изјавил Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни