Поврзете се со нас

Франција

Перез за случајот Мбапе: Јас секогаш сум смирен…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен е драма која го одбележува овој преоден рок, ситуација која ќе мора да се реши за доброто на двете страни.

Играчот не планира да потпише нов договор или поточно сака слободно да го избере клубот во 2024 година, потег кој пак носи контра реакција од ПСЖ кој не сака да го загуби напаѓачот без да добие никакво обештетување. Се води една „војна“ меѓу двете страни и останува да се види како истата ќе заврши, а во исто време третата страна во овој случај Реал Мадрид изгледа мирно и спокојно.

Има информации дека Килијан се спрема за Реал и дека тоа ќе биде следната негова дестинација што и нема да биде изненадување  со оглед на тоа што „кралевите“ долго време ја ловат, посакуваат француската ѕвезда.

Стариот лисец, Флорентино Перез е спокоен, па запрашан за случувањата околу Килијан тој порача:

-Јас секогаш сум смирен. Денес гласаме, не мислиме на ништо друго, тоа е многу важна тема за Шпанците, -порача Флорентино за „LaSexta“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни