Поврзете се со нас

Англија

Пеп размислува за дербито со Јунајтед: Имам некои смешни идеи…

Објавено

на

Манчестер Сити е гостин на Манчестер Јунајтед во еден од дерби натпреварите на 20. коло во Премиер лигата со тоа што „граѓаните“ прво ќе треба да го одработат Лига Куп мечот против Саутемптон.

Со оглед на тоа што распоредот е збиен и нема многу време за одмор, стратегот на Сити, Пеп Гвардиола призна дека има некои луди планови за пресметката на „Олд Трафорд“, односно му се вратат некои смешни идеи.

-Имам неколку идеи, размислувања – смешни против Јунајтед – но сепак не ги гледав нивните последни натпревари. Морам да видам како играат дома и дали ќе променат нешто. Сè уште треба да прегледам, затоа немам јасен состав [сè уште] против Јунајтед, -порача Шпанецот.

Средбата се игра на 14 јануари со почеток од 13:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни