Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер остана без еден од најдобрите играчи, се пресели во ривал од АБА2 лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ABA_League2

Македонскиот кошарски прволигаш Пелистер остана без услугите на еден од најдобрите играчи кој замина во Словенија во редовите на Хелиос Домжале.

Се работи за американскиот интернационалец, Малколм Бернард за кого ова ќе биде второ искуство во оваа балканска земја со оглед на тоа што претходно настапуваше за Рогашка.

-Среќен сум што му се приклучувам на Хелиос Домжале, одлично организарн клуб со голема традиција. Во тимот веќе има добри кошаркари кои ги познавам и почитувам, ама имаа многу лоша среќа со со повредите во оваа сезона. Ќе дадам сè од себе за да придонесам за победничкиот менталитет и се надевам заедно ќе ги исполниме целите. Исто се радувам што ќе соработувам со тренерот со кого добро се познаваме и знаеме што може да очекуваме еден од друг, -порача Бернард кој сезонава во АБА2 лигата вп просек реализираше по 15 поени, 5 скока и 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни