Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер им се врати на победите, Алкалоид славеше на жешкиот терен во „Јасмин“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Екипата на Еурофарм Пелистер го остави зад себе поразот од Вардар 1961 и забележа рутинска победа над Бутел од 30-22 во мечот од 9. коло во суперлигашкиот плеј-оф.

Домашните ракометари знаеја што сакаат на соочувањето во Битола, па одиграа доволно ефикасно во нападот и цврсто во одбраната што беше формула за успешен резултат со кој направија нов исчекор кон одбраната на титулата.

Сега Пелистер има 26 бода и лидер на табелата пред Вардар со 24 и Охрид со кого „зелено-белите“ ќе се соочат во наредната рунда.

Охриѓани денеска имаа проблеми со Струга, мораа да се разбудат во второто полувреме за да дојдат до славје од 24:21.

Вицепрвакот Алкалоид пак беше подобар од Тиквеш со 28:23. Домашните играчи беа на повисоко ниво во првите 30 минути и истите ги реализираа со 14:13.

Меѓутоа тоа ниво не го задржаа по паузата, немаа соодветно решение за скопскиот тим кој пак добро функционираше во двата правци и дојде до шестата победа во оваа фаза на шампионатот.

Најефикасни на теренот беа Дамјан Митев и Мартин Манасков со по осум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни