СЕХА лига
Пелистер го скрши мразот во СЕХА и ја победи Војводина

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го скршија мразот и ја запишаа првата победа во новата СЕХА лига, откако вечерва на домашен терен и се реваншираа на Војводина.
Поради двата стартни порази и лошите резултати во Европа, атмосферата во Битола денеска беше доста жешка на почетокот и навивачите им порачаа на ракометарите дека добиле „жолт картон“, што на крајот се одрази позитивно врз играта на тимот кој го предводи Валтер.
Домашниот тим почна фуриозно и го диктираше темпото од самиот старт, успеа да поведе со 6:1, а тоа беше навистина добра најава за прва победа во третото коло во регионалното натпреварување.
Војводина успеа да одговори и резултатски да се приближи во првото полувреме до 14:12, во два наврати дојде и на само минус еден во вториот дел, но на крајот загуби со 30:25.
Кисум со девет гола беше најдобар поединец во редовите на Пелистер, Дејвис постигна седум, додека кај гостите се истакна Ковачевиќ со осум погодоци.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)