Поврзете се со нас

Евролига

Партизан со победа го заокружи настапот во Евролигата, познати се паровите за плејинот и плејоф фазата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PartizanBC

Партизан со триумфот над Валенсија од 79:66 го заврши настапот за оваа сезона во кошаркарската Евролига.

Клубот од Белград вчера официјално ги загуби шансите за плејин фазата, но тоа не донесе опуштање кај избраниците на Обрадовиќ кои вечерва го оправдаа статусот на фаворит во соочувањето со шпанскиот претставник.

Нанели со 19 поени беше прв стрелец, Смит беше најголема поддршка со 15 кошеви.

Триумфи на денешените дуели остварија и екипите на Олимпијакос кој беше подобар од Фенербахче во битката за петтото место на табелата, Басконија која ја надигра Виртус во Болоња и Асвел кој во мечот без резултатско значање ја доби Барселона со 76:72.

Веќе официјално се познати два пара за четвртфиналето, Барселона-Олимпијакос и Монако-Фенербахче.

Реал Мадрид и Панатинаикос ќе мора да ги почекаат противниците, односно разврската во плејинот, фаза која е воведена од оваа сезона.

Победникот од Макаби и Басконија ќе го заземе седмото место и во плејофот оди на Панатинаикос. Поразениот пак ќе има уште една шанса да дојде до разигрувањето на пехарот и тоа со подобриот од Анадолу Ефес и Виртус Болоња. На крајот тој што ќе остане ќе оди на мегдан со Реал Мадрид кој во регуларниот дел ја освои првата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни