Поврзете се со нас

Свет

Партија која ќе се памети: Неверојатниот Костески даде 17 гола за Плзен!

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Никола Костески имаше партија за паметење во дресот на Плзен во првата лига на Чешка.

Некогашниот член на Металург кој веќе подолго време игра надвор од нашите граници постигна неверојатни 17 голови на дуелот против Фридек-Мистек кој заврши со триумф на Плзен од 34-28. Половина од головите на гостите беа дело на десното крило со тоа што пет од истите беа од линијата за седум метри.

Со ова Костески само потврди дека е во одлична форма, а шанса за ново шоу ќе има против Нове Весели кој е закажан за 21 септември.

Плзен има три од три од најсилниот чешки шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни