Поврзете се со нас

Англија

Овен со интересна изјава за Мо Салах: Беше само просечен голгетер…

Објавено

на

Некогашниот легендарен фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, Мајкл Овен беше стручен коментатор на вчерашниот натпревар помеѓу Милан и Ливерпул во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите.

Англискиот тим уште еднаш ја потврди фаворитската улога и славеше на натпреварот со 2:1, а еден од погодоците постигна токму Мо Салах.

Египѓанецот со тоа стана првиот играч на Ливерпул по Јан Раш кој постигнал 20 погодоци во пет последователни сезони.

Овен остана импресиониран од неверојатното чувство за гол на Салах кое го покажа и на натпреварот на „Сан Сиро“ во кој успеа да го матира Мајк Маињан.

– Тој прави постигнувањето голови да изгледа толку многу лесно, но воопшто не е така. Тој беше само просечен голгетер претходно во неговата кариера, а сега е едноставно неверојатен, -изјави Мајкл Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни