Поврзете се со нас

Англија

Овен издвои три премиерлигашки играчи кои можат да го подобрат Арсенал

Објавено

на

foto:twitter.com/themichaelowen

Арсенал има добра сезона, но голем знак прашалник е дали истата ќе успее да ја круниса со титула/титули.

„Топчиите“ водат жестока битка во Премиер лигата каде во последното коло со поразот од Астон Вила му ја препуштија лидерската позиција на Манчестер Сити, додека пак во Лигата на шампионите се обидува да дојде до полуфиналето.

Клубот од Лондон е квалитетен, ама има и позиции кои можат да бидат подобри или се потребни други профили на играчи за да бидат на повисоко ниво. Веќе некое време се говори дека на Арсенал му е потребен класичен шпиц, гол играч кој редовно ќе ги дресе противничките мрежи.

Во актуелнава сезона Букајо Сака е прв стрелец со 18 голови во сите конкуренции што секако може да се каже дека е премалку за тим кој сака да биде на врвот. Според Мајкл Овен, Арсенал мора да размислува за голгетер и тој извори три имиња од ПЛ кои можат да бидат од голема помош.

-Воткинс е играч кој од година во година е се подобар и подобар. Тој е тип на играч кој би можел да оди во Арсенал, без разлика дали можат или не можат да го купат, тоа е друга работа. Во моментов има многу играчи во Премиер лигата кои веројатно би биле надградба на она што го има Арсенал во моментов. Го гледате [Александар] Исак од Њукасл, можеби Ајван Тони од Брентфорд и Оли Воткинс од Астон Вила, -истакна Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни