Поврзете се со нас

Македонија

Останува во таборот на „црвено-црните“: Захов потпиша нов договор со Шкендија

Објавено

на

Лидерот во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија објави дека ја продолжија соработката со првиот голман Констадин Захов.

Захов кој од 2016 година е дел од Шкендија според новиот договор ќе остане во Тетово до 2023 година.

-Среќен сум што ќе продолжам да го претставувам овој дрес каде што ги постигнав најголеми успеси во мојата кариера. Шкендија многу ми даде, ама верувам дека и јас возвратив на ист начин, двете страни се задоволни и тоа го покажува договорот за нова соработка. Со ентузијазам ги очекувам другите успеси, -рече Захов кој досега има одиграно 176 натпревари за поранешниот македонски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни