Поврзете се со нас

НБА

Орландо решил да го трејдува искусниот Вучевиќ

Објавено

на

Никола Вучевиќ импресионираше со своите настапи во дресот на Орландо Меџик и со право е сметан за еден од најважните играчи на оваа екипа, но клубот решил да го испрати во друга средина.

„ЕСПН“ тврди дека Орландо донел одлука да го трејдува Црногорецот во редовите на Чикаго Булс, што пак за „биковите“ ќе значи ангажирање на квалитетен и искусен кошаркар, кој ќе биде нов столб на подмладената екипа.

Планот е Орландо да ги испрати Вучевич и Ал-Фарук Амину во Чикаго, додека на Флорида ќе пристигнат Вендел Картер, Ото Портер и пикови во првата рунда на драфтот во 2021 и 2023 година.

Чикаго е сериозно заинтересиран и за Лонцо Бол.

За квалитетите на Вучевиќ неодамна зборуваше и Никола Јокиќ, кој јавно му делеше комплименти на поискусниот НБА кошаркар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни