Поврзете се со нас

Македонија

Охрид преку Бутел до шести триумф во плејофот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Ракометарките на ГРК Охрид издвојуваа победа над Бутел од 33:28 во последниот натпревар од осмото коло во плејоф разигрувањето во Суперлигата.

Ова за домаќините беше шести триумф во оваа фаза со што се на третото место на табелата со 20 бода, еден помалку од Вардар и три од лидерот Еурофарм Пелистер.

Клучно за охриѓани беше изданието во првиот дел во салата „Билјанини извори“, први 30 минути кои ги решија со 18:13. Во второто полувреме избраниците на Алушовски имаа се под контрола и рутински ја завршија работата.

Цирар со шест погодоци беше прв на листата на стрелци кај победникот, додека кај скопскиот тим Николов имаше девет реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни