Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Рангник нема да го преземе Милан!

Објавено

на

Германецот Ралф Рангник и дефинитивно нема да застане на чело на италијанскиот гигант Милан.

Долго време се говореше дека Рангник ќе дојде во Милан и ќе ја презема контролата, поточно ќе биде тренер и спортски директор. Ама ова сценарио нема да се реализира и за тоа дојде потврда од прва рака, од застапникот, консултантот на германскиот стручњак, Марк Косицке.

-Милан и Ралф Рангик се согласија дека во моментот не е вистинско време и дека нема моментум за заедничко работење. Поради ова, а имајќи го предвид добриот развој и резултатите под водство на тренерот Стефано Пиоли заедни беше решено дека Ралф Рангик нема да преземе улога во Милан, -се вели во сопштението.

Ова значи дека „росонерите“ ќе продолжат да работат под водство на Пиоли кој навистина одлично го води клубот особено по рестартот на фудбалот, Серија А. Тој има договор со миланезите до 2021 година, па ако заработеше отказ ќе добиеше оштета.

Милан веќе му плаќа на Марко Џампаоло кого го отпушти во октомври, а воедно ќе требаше да му исплати неколку милиони на РБ Лајпциг ако пак го ангажираше Рангник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни