Поврзете се со нас

Италија

Одреден број фудбалери во Серија А можат да одбијат да играат по 30 јуни

Објавено

на

Претседателот на асоцијацијата на фудбалски агенти ги предупреди клубовите дека фудбалерите имаат можност да одбијат да тренираат и настапуваат по 30 јуни.

Во пресрет на рестартирањето на Серија А, сите страни кои учествуваа во договорот за рестарт не постигнаа никаква согласност околу фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот на овој месец.

– Според актуелната ситуација, секој фудбалер по 30 јуни може да го напушти клубот.

– Италијанската федерација мооже да се инволвира со продолжување на договорите, но засега се е оставено само на зборови, па на пример еден Хозе Калјехон нема обврска да игра за Наполи по 30 јуни, – вели Бепе Гали.

Тој нагласува дека проблем може да се јави и со позајмените фудбалери, па тие можат да завршат на натпревар на кој имаат обврски и кон двата клуба истовремено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни