Поврзете се со нас

Европски купови

Одложен уште еден меч: Металург нема да има европски предизвик нареднава седмица

Објавено

на

Ракометарите на Металург нема да играат во Лигата на Европа наредната недела, а причината за тоа се проблемите кои со КОВИД-19 ги има австрискиот прволигаш Фиверс.

Металург требаше во вторник да го пречека Фиверс, но оваа средба поради коронавирусот мораше да биде одложена и истата ќе се одигра во некој нов термин кој ЕХФ ќе го договори со клубовите.

Ова е уште еден европски натпревар на нашиот претставник кој е одложен, односно поради тоа досега одигра само две средби против Тулуз и Адемар на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни