Поврзете се со нас

Свет

Одлично издание: Емини со гол и асистенција му донесе победа на Сондерјиске (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/soenderjyskefodbold/

Поранешниот фудбалер на Македонија Ѓорче Петров, Сефер Емини продолжува со одличните изданија во дресот на Сондерјиске во втората лига на Данска.

Офанзивецот денеска беше во фокусот на вниманието во пресметката со Фредериција која им припадна на гостите со 2-0, а Емини директно учествуваше во двата гола.

Прво ја имаше улогата на асистент во 37 минута за да во 50 се запише и во листата на стрелци. Неговиот досегашен учинок во шампионатот е 6 гола и 4 асистенции. Сондерјиске пак е лидер на табелата со 55 бода и има отворен пат до место во најсилната данска фудбалска конкуренција.

За гостите настапи и Иван Николов кој беше активен до 63 минута.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни