Поврзете се со нас

Англија

Нуњез се огласи и ја испрати првата порака по ударот со глава за црвен картон (ФОТО)

Објавено

на

Дарвин Нуњез нема по добро да го памети својот прв официјален меч за Ливерпул на „Енфилд Роуд“ со оглед на тоа што направи голема глупост и заработи директен црвен картон откако со глава го „нокаутираше“ стоперот на Кристал Палас, Хоаким Андерсен.

Уругавецот му направи проблем на својот тим кој сепак се избори за реми на оваа средба. Дефинитивно ова ќе му биде значајна лекција на напаѓачот кој ќе добие совети од тренерот Јирген Клоп, соиграчите, но во исто време е свесен дека едноставно не требаше така да реагира, па ги искористи социјалните мрежи да се извини и испрати порака.

-Свесен сум за лошото однесување кое го имав. Тука сум за да научам од грешките и ова нема да се случи повторно. Им се извинувам на сите во Ливерпул. Ќе се вратам, -порача летното засилување за „црвените“ преку социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни