Поврзете се со нас

НБА

Новото засилување на Далас: Среќен сум што повеќе нема да треба да се бранам од Дончиќ

Објавено

на

Реџи Булок се пресели во тимот на Далас на почетокот на месец август, но непосредно на стартот на новата натпреварувачка сезона во НБА која се очекува да биде максимално конкурентна, призна дека во истата ќе настапи со многу подобра мисла кога се во прашање ривалите на теренот.

Триесетгодишниот Булок две години успешно настапуваше за Њујорк Никс и горд е што во иднина ќе игра со Лука Дончиќ во ист тим, бидејќи претставувало огромен проблем да се чува Словенецот на теренот.

Новото засилување на Маверикси не штедеше комплименти за неверојатниот Лука кој потпиша стратосферски нов договор со Далас, од едноставна причина што веќе нема потреба да се грижи како ќе го чува на теренот.

– Презадоволен сум што можам да кажам дека Дончиќ сега е мој соиграч. Тоа е големо олеснување, нема да морам веќе да го чувам на теренот. Сега нека му ја мислат другите кошаркари.

– Се што прави на теренот е неверојатно. Начинот на кој ја исфрла топката, пенетарцијата, тешко е да предвидите било што. Имавме добри битки кога бевме противници, но пресреќен сум веќе што нема да треба да се бранам од него, – порачува Булок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни