Поврзете се со нас

НБА

Ново монструозно издание на Дончиќ, Клиперси го добија дербито со „сонцата“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас оствари нова убедлива победа на домашен терен и продолжи со блескавиите изданија пред своите навивачи, а очекувано, посебно мотивиран беше незадржливиот Лука Дончиќ.

Словенечката ѕвезда режираше нова монструозна партија во НБА лигата и веќе во првото полувреме уфрли 30 поени, но од огромна помош му беше и Кајри Ирвинг кој постигна 22 поени во првите две четвртини.

Двете големи ѕвезди на Далас постигнаа повеќе поени од цел тим на Портланд во првото полувреме, па продолжија да доминираат и во второто полувреме кое беше чиста рутина за Мавериски.

На крајот, Дончиќ го заврши мечот со 41 поен, 6 скокови и 5 асистенции, додека Ирвинг во триумфот од 126:97 запиша 29 поени, 9 скокови и 5 асистенции.

Во текот на атрактивната НБА ноќ, големо дерби се одигра во Аризона, каде Лос Анџелес Клиперс успеа да слави над Феникс со 122:131. Џорџ беше лидер со 33 поени и 7 скокови, а Ленард постигна 30 поени со 8 скокови.

НБА резултати:
Кливленд – Вашингтон 140:101
Индијана – Милвоки 142:130
Атланта – Оклахома 141:138
Минесота – Њу Орлеанс 106:117
Мемфис – Торонто 111:116
Хјустон – Бруклин 112:101
Мемфис – Торонто 111:116
Минесота – Њу Орлеанс 106:117
Далас – Портланд 126:97
Њујорк – Чикаго 116:110
Финикс – ЛА Клиперс 122:131
Јута – Детроит 154:148
ЛА Лејкерс – Мајами 96:110
Сакраменто – Орландо 138:135

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни