Поврзете се со нас

Англија

Нов пех за малерозниот Артур, ќе мора да почека за деби во Премиер лигата

Објавено

на

Артур Мело дојде како засилување во средниот ред на Јирген Клоп во последен час, но засега неговиот ангажман се оценува како доста контроверзен од страна на експертите, кои со својот притисок прават оваа позајмица да биде сериозно доведена во прашање.

Бразилецот досега одигра само 15-тина минути на мечот против Наполи во Лигата на шампионите, но во моментите кога се чинеше дека е се пофит и ќе дебитира во Премиер лигата, сега ќе мора да почека за такво нешто.

Малерозниот Артур имаше многу проблеми со повреди во Јувентус и воопшто не ги исполни очекувањата во Торино, а сега ќе мора да паузира и во Ливерпул одредено време.

Играчот за врска заработил повреда на тренингот пред мечот со Ренџерс во Лигата на шампионите, вест која денеска ја откри Клоп пред дербито со Арсенал во Премиер лигата.

– Имаме нова повреда. За жал, Артур се повреди на последниот тренинг пред мечот со Ренџерс. Сепак, ова е нормална ситуација со оглед на тоа што имаше мала пресезона. Го повреди мускулот и ќе видиме колку време ќе отсуствува, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни