Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нов пех за Адеми, се повреди во првото полувреме и мораше да биде заменет

Објавено

на

Хрватскиот шампион, Динамо Загреб вечерва го игра првиот натпревар од 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите против тимот на Омонија.

На оваа средба од првата минута започнаа и двајцата македонски репрезентативци, Арјан Адеми и Стефан Ристовски кои се редовни во составот на „модрите“.

За жал, големиот борец, Адеми поради повреда мораше да го напушти теренот во 42. минута од средбата. Капитенот на Динамо Загреб го повредил бутниот мускул, по што веднаш беше изнесен надвор од теренот.

Играчот од средниот ред минатата сезона одигра голем број натпревари затоа што со неговиот Динамо Загреб стигна до четвртфиналето од Лига Европа, а со репрезентацијата на Македонија играше на Европското првенство.

Адеми немаше време за голем одмор, па по кратка пауза веднаш се врати на клупските обврски со Динамо Загреб кој веќе почна да се натпреварува и во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни