Поврзете се со нас

Македонија

Нов договор за капитенот: Мишевски останува во Македонија Ѓорче Петров

Објавено

на

Филип Мишевски и во иднина ќе го носи дресот на екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Прволигашот од западната скопска населба ја информираше јавноста дека Мишевски ставил потпис на нов едногодишен договор. Дефанзивецот веќе некое време е дел од клубот од Ѓорче Петров, тим во кој е вистински лидер и ја носи капитенската лента.

Во минавата сезона тој одигра 33 натпревари во сите натпреварувања на кои успеа да постигне седум гола.

Претходно „лавовите“ го задржаа Филип Алексовски (двегодишен договор), а официјално засега си заминаа Матеус Лемос и Арби Воша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни