Поврзете се со нас

Шпанија

Нов ден нова глупост на Бејл: Неговото однесување на тренингот разлути многумина (Видео)

Објавено

на

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентативец на Велс, Герет Бејл, од ден во ден се повеќе ги лути челниците, но и навивачите на „кралскиот клуб“.

Некогаш одличниот фудбалер е на удар на критики поради неговото однесување, а последниот негов испад доаѓа од тренингот на Реал Мадрид.

„Кралевите“ се подготвуваат за натпреварот против Манчестер Сити во рамките од Лигата на шампионите, а на една видео снимка која излезе од истиот се гледа непримерното однесување на Бејл.

Имено, додека сите се загреваат и трчаат по топката, Бејл само стои како статуа и буквално не се поместува.

Ваквиот однос доведе до нова лавина критики на негова сметка. Од Реал Мадрид прават се што е во нивна можност за да се ослободат од неговиот договор кој тежи 400.000 фунти неделна плата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни