Поврзете се со нас

Формула 1

Ништо од втора шанса за Расел: Хамилтон експресно се справи со коронавирусот и се враќа за последната трка

Објавено

на

Џорџ Расел понуди фантастичен спектакл на втората трка која се возеше во Бахреин, но неговата забава во редовите на Мерцедес нема да продолжи и претстојниот викенд, откако од тимот соопштија дека се враќа првиот возач и старо-новиот светски шампион.

Расел го менуваше Луис Хамилтон кој поради позитивен корона тест не возеше на трката за Големата награда на Сакир, па иако фановите посакуваа Расел да добие и втора шанса во болидот на Мерцедес после она што го прикажа изминатиот викенд, сепак тој ќе мора да се врати во болидот на Вилијамс.

Хамилтон во експресен рок се справи со коронавирусот и добил два негативни тестови на Ковид 19, по што ќе му биде дозволен влез во падокот на последната трка во сезоната која се вози во Абу Даби.

– Луис беше тестиран негативно на Ковид 19 во средата по комплетирањето на периодот за самоизолација во Бахреин. Тоа му дозволи да отапува за Абу Даби, а таму денеска доби нов негативен тест при пристигнувањето.

– Луис го комплетираше протоколот на ФИА за влегување во падокот и тој ќе биде способен да биде дел од трката која се вози викендов, – гласи објавата на Мерцедес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни