Поврзете се со нас

Англија

Невил го обвини Солскјер за поразот од Челси

Објавено

на

Поранешниот соиграч на Оле Гунар Солскјер од редовите на Манчестер Јунајтед, Фил Невил го обвини тренерот на „ѓаволите“ за поразот од Челси во полуфиналето од ФА Купот.

Солскјер изведе измешан состав и ја промени формацијата со која играше одлично во изминативе месеци.

На „Вембли“ Манчестер Јунајтед истрча со формација 3-5-2, а веќе на крајот на полувремето истата беше промената во редовната 4-3-3 формација.

Невил посочи дека ваквата промена, како и селекцијата на тимот се главната причина што Манчестер Јунајтед е елиминиран од ФА Купот.

– Не мислам дека Јунајтед имаше играч на теренот, освен Бруно, кој играше добро. Мислам дека Оле го избра погрешниот тим и погрешниот систем, -кратко изјави Невил.

Помладиот од браќата Невил потоа ја коментираше и грешката на Давид Де Хеа кој катастрофално реагираше при вториот погодок на Челси.

– Тој е непрепознатлив и  сенка на играчот кој ги освојуваше трофеите за играч на сезоната. Ако јас бев Солскјер ќе бев загрижен. Неговите квалитети се уште се високи и се уште спаѓа меѓу најдобрите во светот, но тој дефинитивно ја изгубил самодовербата, -заклучи Фил Невил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни