Поврзете се со нас

Шпанија

Нестварна ситуација во Шпанија: Навивач од трибините побара дрес, играчот му го продаде за 50 евра! (Видео)

Објавено

на

Малага беше познат шпански фудбалски бренд пред десетина години, а во сезоната 2013-та ги имаше најдобрите моменти и под водство на Мануел Пелегрини играше во четвртфиналето.

Шпанскиот претставник беше на чекор од полуфиналето и во драматични околности беше елиминиран од Борусија Дортмунд, но една деценија подоцна, судбината на овој клуб е доста потрагична.

Малага банкротираше поради лошото водење на клубот и почна да паѓа во шпанската фудаблска пирамида, па сега се натпреварува во третата лига и се бори за влез во Сегунда.

Финансиите се далеку од идеални во овој клуб и шпанската јавност информира дека играите се приморани да не ги разменуваат и да ги подаруваат дресовите, за што доказ е и една ситуација од вчерашниот меч против вториот тим на Атлетико Мадрид.

Малага победила со 0:1, а по мечот играчот за врска Дани Лоренцо им објаснил на навивачите дека не може да го подари дресот, бидејќи во принцип самиот ќе треба да си купи нов……

На крајот, фанот му понудил 50 евра на Лоренцо, а овој ги прифатил и режираше луда и нестварна сцена која стана вирална во Шпанија.

– Не сум милионер, иако би сакал да бидам. Клубот нема пари за дресови и ми дојде природно да ги земам 50-те евра кои ми ги понудија. Од оваа гледна точка, сфаќам дека тоа беше погрешно, – изјави Лоренцо за шпанските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни