Поврзете се со нас

Италија

Несторовски со емотивна порака се прости од човекот кој го донесе во Италија (ФОТО)

Објавено

на

Фудбалот во Италија остана без еден од најконтроверзните спортски работници Маурицио Ѕампарини кој почина во 80. година од својот живот.

Ѕампарини веќе одредено време имаше здравствени проблеми, се лекуваше, но не успеа да ја добие оваа битка. Маурицио долги години беше во фудбалот, а најзабележителн му беше периодот како претседател на Палермо, клуб кој успеа да го врати во првата лига, но и да игра во Европа.

Многу познати играчи настапуваа за тимот од Сицилија донесе Ѕампарини беше присутен на „Ренцо Барбера“, тука се Тони, Кавани, Пасторе, Миколи, Дибала…плус не треба да се заборави дека тој и ги донесе Македонците во оваа средина Илија Несторовски и Александар Трајковски.

-Почивај во мир претседателе. Ти благодарам за се, -напиша Иле во кратката, ама емотивна порака на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни