Поврзете се со нас

НБА

Неочекувана вест од НБА Лигата, Кевин Дурент бара да биде трејдуван во еден клуб

Објавено

на

Како гром од ведро небо одекна веста која доаѓа од Соединетите Американски Држави, а која е поврзана со еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурент.

Имено, 33 годишниот кошаркар побарал да биде трејдуван од Бруклин Нетс, а вечерва тоа и официјално го побарал од раководството на тимот.

Според дел од медиумите во САД, Дурент побарал да биде трејдуван во тимот на Феникс Санс, а наскоро ќе биде познато каде точно ќе продолжи одличниот поентер.

Популарниот „КејДи“ помина три сезони во дресот на тимот од Њу Јорк, но и покрај тоа што играше со плеада големи имиња не успеа да стигне до нов шампионски прстен.

Минатата сезона Дурент имаше одличен скор и во просек уфрлаше по 30 поени на натпревар, на кои додаваше уште по седум скокови и шест асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни