Поврзете се со нас

Свет

Нема да оди во НБА: Мициќ ќе го носи дресот на Ефес и во новата сезона

Објавено

на

Српскиот репрезентативец, Василије Мициќ ќе го носи дресот на Анадолу Ефес и во новата натпреварувачка сезона.

Мициќ во изминативе сезони е еден од најдобрите играчи во Европа, односно беше најзаслужен што клубот од Европа две години во низа ја освојува титулата во Евролигата, а токму тој ја понесуваше наградата МВП на завршните турнири.

Токму поради ова му се отворија вратите кон НБА, односно се сметаше дека во следната кампања ќе биде дел од најсилната лига на светот, меѓутоа тој заедно со неговиот агент Мишко Ражњатовиќ одлучија да остане на стариот континент.

Инаку правата на Василије во НБА ги има Оклахома Сити Тандер, тим кој не сака лесно да се откаже од Србинот и го испрати во друга средина, а со оглед на тоа што бекот не сака да биде дел од екипа која сега се гради најдено е решение тој да остане во редовите на европскиот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни