Поврзете се со нас

Франција

Нејмар се врати на теренот и изведе нестварен дриблинг на кој се чуди цела Франција (Видео)

Објавено

на

Откако ја одработи суспензијата од два натпревари, Нејмар се врати на теренот и беше дел од победата која ја оствари ПСЖ на гостувањето кај Ремс (0:2), средба на која не постигна гол, но на која понуди неколку моменти со кои само докажа дека е најдобар дриблер во светот.

Двата гола на гостите од Париз дојдоа по иста комбинација, бидејќи Мбапе на двапати беше асистент, а Икарди во два наврати ја презема улогата на реализатор.

Сепак, задолжен за најспектакуларните потези беше Нејмар, кој во вториот дел изведе еден дриблинг кој досега го немавме видено од неговиот репертоар.

Нејмар успеа да направи слична финта како „еластико“ со примеси на „рабона“, па неговиот чувар едноставно не знаеше што се случи на теренот. Во продолжение, Бразилецот беше задржан со лакт од друг чувар, а тоа и не беше изненадување ако се знае дека ѕвездата на ПСЖ во текот на цел меч ги тероризираше противничките фудбалери.

Во продолжение, погледнете го и неговиот страшен слалом од првото полувреме кој за жал не заврши со гол завршница….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни