Поврзете се со нас

Лига Европа

Навивачите на ПСВ ги освоија симпатиите со извинувањето упатено до Дмитровиќ

Објавено

на

Српскиот голман Марко Дмитровиќ беше нападнат од хулиган за време на дуелот меѓу ПСВ и неговата Севилја, а за среќа успеа добро да се справи со натрапникот на теренот.

Дмитровиќ го скроти хулиганот кој подоцна беше изнесен од теренот од обезбедувањето, а навивачите на ПСВ решиле дека мора да направат нешто конкретно за да му извинат на голманот на Севилја и да се оградат од испадот на еден фан на холандскиот тим.

Претставници на навивачите на ПСВ отпатувале во Севилја и му испорачале букет со цвеќе и специјална порака на Дмитровиќ.

– Господине Дмитровиќ, извинување од сите останати навивачи на ПСВ, се надеваме дека сте добро по инцидентот и ви посакуваме среќа во Лига Европа, – стои во дел од пораката упатена кон голманот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни