Поврзете се со нас

Европски првенства

Напаѓачот на Кристал Палас предвреме го објави списокот на Мартинез: Следи казна од 50 склекови (Фото)

Објавено

на

Роберто Мартинез имаше обраќање точно напладне и го соопшти официјалниот список на фудбалери кои ќе бидат дел од Европското првенство, листа која доби и своја урнебесна увертира поради напаѓачот на Кристал Палас.

Мичи Батшујаи го „претрка“ својот селектор и објави дека тој е дел од националниот тим уште пред официјалната објава од Роберто Мартинез, што направи да биде топ тема во фудбалска Белгија, но воедно и на социјалните мрежи.

Батшујаи посочи дека е горд што одново е дел од „црвените ѓаволи“, но откако сфати дека избрза со информацијата, го избриша Твитот, а потоа следеа неколку урнебесни твитови.

Напаѓачот на крајот се најде и во официјалниот список од 26 фудбалери кој го објави Мартинез, по што се коригираше и призна дека од среќа, избрзал да ја објави веста.

– Мичи, за ова следи казна од 50 склекови на првиот тренинг!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни