Поврзете се со нас

Лига Европа

Напаѓачот на Џерард со фер-плеј потег стана топ тема во Европа, воодушевениот Лукаку се јави меѓу првите (Видео)

Објавено

на

Ренџерс предводен од Стивен Џерард ќе го гледаме во осминафиналето во Лигата на Европа, откако претставникот од Шкотска со вкупни 9:5 го исфрли Антверп во првата нокаут рунда.

Двата тима понудија два спектакуларни дуели исполнети со многу погодоци, па така после првиот меч кој заврши 4:3 за гостите, Ренџерс денеска победи и на домашен терен.

Лидерот во домашното првенство победи на „Ајброкс“ со 5:2, но цела европска јавност зборува за потегот на домашниот напаѓач Морелос.

Колумбиецот беше стрелец на голот за 1:0, но потоа при резултат 1:1 направи нешто со што ги воодушеви сите фудбалски фанови, а еден од првите кои реагираше беше Ромелу Лукаку.

Морелос ја стопираше играта иако можеше лесно да излезе пред противничкиот гол, а причина за тоа беше фактот што еден од гостинските дефанзивеци се пожали на повреда и веднаш падна на земја. Морелос одреагира максимално коректно и ја прекина играта, па покрај тоа што доби поздрав од противниците, за неговиот фер-плеј потег зборува и цела фудбалска јавност.

– Фер плеј потег од Морелос од Глазгов Ренџерс. Можеше да излезе пред гол, но ја стопираше играта поради повреда на противник…. Фантастичен спортсмен…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни