Поврзете се со нас

Европски купови

Нант и Лазаров надиграни од бундеслигашот Лемго

Објавено

на

Кире Лазаров и неговите соиграчи од Нант загубија на домашен терен од Лемго (27:28) во натпревар од групната фаза на ракометната Лига Европа на ЕХФ.

Францускиот претставник го имаше вториот настап во оваа фаза, а по победата на премиерата, сега загуби и тоа пред своите фанови во Нант.

Гостите на полувреме водеа со 10:12, во вториот дел Лемго стигна и до плус пет, па таа негатива се покажа како преголема за Нант, кој успеа само да намали и да стигне до конечните 27:28.

Лазаров го завршил натпреварот со 3 гола, а најефикасен кај Нант бил Брие со 5 погодоци. Во составот на Лемго, Карлсбогард стигнал до 7 голови.

Нант и Лемго сега имаат ефект 1-1, а во оваа група водечки се ГОГ и Бенфика со две победи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни