Поврзете се со нас

Италија

Најжестоките навивачи на Лацио удрија по Лотито: Ти не си вреден за овој клуб (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Лацио скоро и да не беше активен во јануарскиот преоден рок, а тоа го разлути тренерот Маурисио Сари на кого му беа ветени засилувања, но и навивачите кои очекуваа многу повеќе од претседателот Лотито и главниот оперативец Игли Таре.

Лацијалите направија само една важна промена во составот, го испратија Муричи во Мајорка, а од Спортинг го донесоа Кабрал. Сето ова беше доволно за најжестоките навивачи на клубот од Рим да се соберат и да го изразат незадоволството од работењето на Лотито.

-Лотито, ти не си вреден за овој клуб. Осумнаесет години срам и злоупотреба… Никогаш нема пари за тимот, Лацио му треба само за валкана работа, -беа само дел од пораките на навивачите кои се собраа пред Формело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни