Поврзете се со нас

АТП

Најлуда реализација на меч-поен: Летечкиот Браун со голманска парада го воодушеви противникот (Видео)

Објавено

на

Дастин Браун во изминатите години се истакна како еден од највозбудливите играчи на АТП турот, но иако не може да се пофали со некој константно добар ранкинг, кога се во прашање бравурите на теренот, тој сигурно е на самиот врв во светскиот тенис.

Браун во минатото се издвои со добрата игра на тревна подлога и лудориите кои ги изведуваше на Вимблдон, а сега во период кога се играат рекреативни турнири без публика, германскиот тенисер повторно ја воодушеви јавноста.

Тенисерот кој е задолжен за атракции на теренот сега ни ја понуди најлудата реализација на меч-поен, така што противникот Муте немаше опција за одговор.

Даун со голманска парада исконтролира неверојатен волеј и го приведе мечот до крај, а со тоа го воодушеви и Муте кој му честиташе на мрежата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни