Поврзете се со нас

АТП

Најдобриот британски рекет: Ѓоковиќ треба да преземе одговорност, оставија лош пример!

Објавено

на

Даниел Еванс беше критички настроен кон Новак Ѓоковиќ откако Србинот се пожали за условите кои ги понуди Ју-Ес Опен за одгирување на годинешното издание, но сега британскиот рекет број еден беше уште понападно настроен кон светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ како главен организатор на „Адрија Тур“ наидува на голема осуда од јавноста откако балканската турнеја се претвори во нова жариште на коронавирусот, бидејќи по позитивниот КОВИД тест на Григор Димитров, денеска беше потврдено дека заразени се и Борна Чориќ и кондицискиот тренер на Ноле.

Зверев пред извесно време објави дека неговиот тест е негативен и се извини за ризикот во кој стави многумина со играњето на „Адрија Тур“, но барем засега, нема ниту една официјална изјава од Новак кој е тестиран за коронавирус при пристигнувањето во Белград.

– Не требаше да гледаме како играчи танцуваат и се забавуваат заедно, а потоа да видиме дека двајца многу добри тенисери се заразени. Ѓоковиќ треба да преземе одговорност за турнирот кој го организираше и за текот на истиот.

– Дадоа навистина лош пример, без оглед на тоа што во нивните земји нема рестрикции за дистанца. Ова е доказ дека вирусот не е шега. Жално е што Григор и Борна се заразени, но ако се навратите назад, ќе сфатите дека тоа не е изненадување, – порача Еванс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни