Поврзете се со нас

Атлетика

Најбрзата жена во светот се соочи со бизарна ситуација по вториот златен медал во Токио (Фото)

Објавено

на

Јамајканката Илејн Томпсон Хера вчера на доминантен начин стигна до златниот медал на трката во женска конкуренција на 200 метри, со што одново ги обедини двете најважни одличја во атлетиката.

Неколку дена претходно, Јамајканката славеше и на најкратката делница од 100 метри, но вчера со второ најдобро време на сите времиња, не и даде никаква шанса на конкуренцијата и само докажа дека во овој момент е неприкосновена спринт-кралица во атлетиката.

Илејн со време од 21.53 постави свој личен и национален рекорд, па на тој начин ги одбрани двете злата кои пред пет години ги освои во Рио де Жанеиро.

Јамајканката стигна до извонреден дабл-дабл учинок на две последователни Олимпијади во времетраење од пет години, но тоа што има посебна привилегија на атлетската патека, очигледно не прави разлика на социјалните мрежи. Поради објава на својата вчерашна трка, Томсон Хера се пожали дека била блокирана од Инстаграм, па сега нема да може да објавува ништо поради казна во наредните два дена.

– Блокирана сум на Инстграм поради објавување на трките од Олимпијадата, не сум ги поседувала правата да го правам тоа. Се гледаме за 2 дена, – порача Илејн на Твитер каде доби дозвола да ги сподели видеата од Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни