Поврзете се со нас

АТП

Најава која ги воодушеви фановите: Надал јавно го прозва Федерер, Швајцарецот брзо му одговори (Фото)

Објавено

на

Изминатиот викенд „Ти-Ди Гарден“ арената во Бостон беше домаќин на четвртото издание на популарниот Лејвер Куп, егзибициски турнир кој е поразличен од сите останати во светот, бидејќи најдобрите тенисери играат едни против други како тимови.

Тимот на Европа одново оствари победа над остатокот од светот на турнирот кој еден од главните коорганизатори е Рожер Федерер, Швајцарецот кој беше и специјален вип гостин на трибините на последните два натпреварувачки дена во Бостон.

Рожер даде доста интересни интервјуа и најави дека негов план е да се врати максимално здрав на теренот, а една од целите нагласи дека ќе биде да игра и на петтото издание на Лејвер Купот.

Истото наредната година ќе се одржи во Лондон, а бидејќи најавите почнаа уште отсега, Надал јавно го прозва Федерер, по што овој брзо му одговори на социјалните мрежи.

– Рожер Федерер, ќе играме ли заедно во двојки наредната година?, – запраша Надал, по што Рожер одговори и ги воодушеви фановите.

– Да се врати стадиот тандем Федал во Лондон ќе биде неверојатно, – возврати швајцарскиот маестро.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни