Лига на шампиони
Нагелсман не се плаши од два фаворити и ги посакува за противници во нокаут фазата: Имаат убави химни

Најмладиот тренер во топ 5 лигите во Европа, Јулијан Нагелсман продолжува да импресионира со одличната работа која ја врши во тимот на Ред Бул Лајпциг.
Нагелсман и неговиот тим пред неколку дена славеа во клучниот натпревар против Манчестер Јунајтед во последното коло од групната фаза од Лигата на шампионите и сега сосема заслужено ќе играат во нокаут фазата од натпреварувањето.
Во пресрет на ждрепката која е закажана за понеделник, Нагелсман кажа кој тим сака да го извлече.
Многу други тренери сакаат да ги избегнат фаворитите, но за разлика од нив Нагелсман пак нагласи дека сака да извлече некој од фаворитите, дали Реал Мадрид или Јувентус.
– Мило ми е што ме прашавте кој клуб би го сакал за противник. Секогаш ги слушам химните на наредниот ривал, а Реал Мадрид и Јувентус имаат неверојатно убави химни, па би сакал еден од овие клубови. Ќе видиме. Би можел да им ги пеам химните, но не на перфектен шпански или италијански, -низ насмевка изјави Нагелсман.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Италијапред 21 час
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Шпанијапред 21 час
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Италијапред 24 часа
Фонсека: Милан е во криза? Не верувам во тоа, тие имаат…
- Германијапред 19 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 23 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 20 часа
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А