Поврзете се со нас

АТП

Надал со коментар за повредата на Ѓоковиќ: Неговиот меч беше многу чуден

Објавено

на

Рафаел Надал немаше многу проблеми да обезбеди пласман во осминафиналето на Аустралијан Опен, а новинарите од него побарале да ја коментира и ситуацијата со Новак Ѓоковиќ.

Неговиот најголем ривал се жалеше на повреда за време на дуелот со Фриц, но на крајот успеа да одигра одличен петти сет и го победи Американецот.

Факт е дека дел од ривалите очигледно не му веруваат премногу на српскиот тенисер, бидејќи и во минатото имало слични ситуации, а Надал без да навлегува премногу сепак посочил дека неговиот настап не бил вообичан.

– Беше навистина чудно.

– Два сета изгледаше дека Новак ќе го предаде мечот, а потоа заигра нормално. Не можам да коментирам како се чувствува, тоа го знае само тој, но ете не се откажа и како многу пати досега, најде начин да победи, – изјавил Надал.

Надал во следната рунда ќе игра против Фоњини, додека противник на Ѓоковиќ ќе му биде Раониќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни