Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ со фуриозно второ полувреме до убедлива победа над Широки

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје издвојуваа убедлива победа над Широки од 85:69 во првата средба од четвртфиналето во АБА2 лигата.

Македонскиот првак имаше проблеми да се наметне во првиот дел на средбата во „Јане Сандански“, дел од играта кој го загуби со 41:37.

Меѓутоа по одморот избраниците на Атанасов заиграа далеку подобро на двете страни од теренот и водени од „Фемили“ дојдоа до убава предност пред реваншот во Босна и Херцеговина закажан за 17 април.

Најрасположени во таборот на „штрковите“ беа Војдан Стојановски со 21 поен, Делалиќ додаде 17, а Танасковиќ 16 поени со 7 скокови. На другата страна листата на стрелци ја предводеше Јунаковиќ со 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни