Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ се „заглави“ во завршницата, па остана без перфектен учинок во Сараево (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје со пораз од Младост Земун од 82-75 го завршија настапот на „балонот“ во Сараево како дел од овосезонско натпреварување во АБА2 лигта.

Составот од Аеродром беше во позиција да дојде до уште еден триумф за перфектни три од три на турнирот, меѓутоа „металците“ се загубија, заглавија во последната минута од дуелот која ја дочека со позитива од 75-72. Противникот во тие 60 секунди направи серија од 10-0 и се избори за големо славје со што се израмни на табелата токму со МЗТ со учинок 6-4.

Олуџоби даде 18 поени, Меќиќ 14, додека Тарнер имаше 11 кошеви со 6 асистенции. Кај Младост прва напаѓачка „виолина“ беше Милосављевиќ со 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни