Поврзете се со нас

Англија

Мурињо влегол во конфликт со играч на Тотенхем, па сега го нуди на Реал во замена за Бејл

Објавено

на

Доцна синоќа како гром од ведро небо се појавија шпекулации дека Тотенхем е сериозно заинтересиран да го врати Герет Бејл во своите редови.

„Дејли Мејл“ пренесе дека клубот од Северен Лондон за да го врати Бејл е подготвен да го даде Деле Али кој е еден од најдобрите поединци во тимот.

Тотенхем бил подготвен да се ослободи од Деле Али затоа што играчот влегол во жесток конфликт со тренерот Жозе Мурињо.

Оваа информација ја пренесе Габриел Агбонлахор кој како што вели имал свои инсајдерски информации од соблекувалната во Тотенхем.

– Чувствувам дека им треба играч на позицијата број 10, затоа што како што слушнав од добро упатени извори Мурињо и Деле Али влегле во конфликт.

– Многупати сме го виделе Мурињо како ги „убива“ играчите. Тој тоа го правеше во секој клуб, во Манчестер Јунајтед се обиде да го направи тоа со Погба и Шо. Верувам дека Деле Али е негова нова цел. Видовте што направи со Дени Роуз.

– Од тоа што го слушнав Деле Али не ни бил планиран да стартува против Евертон. Стивен Бергвајн имал мигрена на загревањето пред натпреварот и токму затоа Али стартувал, -изјави Агбонлахор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни