Поврзете се со нас

Англија

Мурињо со порака до навивачите на Тотенхем: Ова не е истиот Бејл од пред седум години

Објавено

на

Герет Бејл во летниот преоден рок се врати во Тотенхем, поточно го започна вториот мандат во клубот од северен Лондон.

Од Велшанецот многу се очекува, навивачите сакаат да го видат како тој експлодира и биде играчот кој е клучен во екипата како што беше во периодот од 2007 до 2013 година кога Бејл со своите партии се истакна и си обезбеди трансфер во Реал Мадрид.

Сепак Жозе Мурињо им порача на навивачите да не очекуваат Бејл да лета на теренот затоа што седум години е навистина долг временски период.

-Повторувам, седум години е долг период. Кој играч во светот е ист како тој пред седум години? Понекогаш тие се само различни играчи. Погледнете ги на пример Роналдо и Меси и споредете ги од пред седум години. Тоа се случува со мнозинството играчи. Секако дека Бејл е различен играч, -рече Мурињо и додаде:

-Тој работи многу напорно, се подобрува. Тој не пропушти ниту една минута на ниту еден тренинг. Да се игра 90 минути сепак е тешко, но тој напредува. Се надевам дека наскоро ќе се врати на подобро ниво, -заврши специјалниот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни