Поврзете се со нас

Англија

Мурињо најави: Ќе прекршам едно корона правило поради Анчелоти (Видео)

Објавено

на

Тотенхем беше драстично оштетен на мечот против Шефилд Јунајтед и Жозе Мурињо навистина се воздржуваше со изјавата по мечот со цел да не добие сериозна суспензија, но сепак Португалецот не пропушти да ги „испегла“ ВАР судиите кои му поништија чист гол на Кејн.

Тимот од Северен Лондон речиси нема никакви шанси за пласман во Лигата на шампионите, но затоа составот на Жозе Мурињо се уште е во игра за излез во Европа и сигурно на преостанатите шест меча ќе брка многу бодови.

Следен предизвик за „петлите“ е дербито против Евертон кое се игра в понеделник, натпревар пред кој Мурињо не штедеше комплименти за својот колега од спротивната страна, најавувајќи дека ќе прекрши едно корона правило за да го прегрне Карло Анчелоти.

– Сите во фудаблот го почитуваат Карло, и како личност и како тренер. И оние кои не го познаваат лично, го знаат како тренер. Не го велам ова поради тоа што го почитувам како човек. Тој за мене е еден од најдобрите тренери во последните две декаци и еден од најдобрите во денешницата.

– Чест е што се врати во Премиер лигата, ќе го прекршам правилото за еден метар дистанца за да го прегрнам пред натпреварот, – порача Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни