Поврзете се со нас

Италија

Мурињо испрати порака по шпекулациите дека ќе го преземе Евертон

Објавено

на

Рома вчера успеа да го победи Лече за пласман во четвртфиналето на италијанскиот куп, што значи и најава за пресметка на Жозе Мурињо со неговиот поранешен клуб Интер.

Португалецот по натпреварот зборувал за својата екипа, за ограничувањата и амбициите, а одговорил и на шпекулациите за преземање на Евертон.

Премиерлигашот бара нов менаџер по отказот за Рафаел Бенитез, а токму Мурињо се споменуваше како еден од фаворитите за таа позиција.

– Во однос на страста, емоциите и емпатијата од работата во Рома, можам да кажам дека сум на оценка 11 од можни 10. Навистина сум среќен бидејќи сум во клуб во кој имаат голема доверба во мене.

– Од фудбалски аспект, борбата за пласман меѓу четвртото и осмото место не е тоа што го посакувам, но се работи за проект и следната година ќе биде подобро. Среќен сум во Рома и не би го менувал овој проект за ништо на светот. Дадов збор дека ќе бидам овде три години, – рекол Мурињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни